International Student Conference 2006 - Media Coverage

A1 News (29th May 2006); A1 - Rano.Den. (6th June 2006)
Fakti, 31th May 2006
Utrinski vesnik, 27/28th May 2006, No. 2090 - Politika
MIA (Macedonian Information Agency), 29th May
Utrinski vesnik, 29th May 2006, No. 2091 - Makedonija
 
Fakti 31th May 2006

  

 

Utrinski vesnik, Number 2090 27/28th May 2006

Визијата за Балканот ја доби наградата „Борјан Таневски“

Од нашиот известувач ЖАКЛИНА ЃОРЃЕВИЌ

СОЛУН - „На Балканот му претстојат два правци: развој и прогрес или враќање во историјата и регрес. Првиот е вистинскиот пат, додека вториот пат е оној по кој се одеше изминативе години, а кој донесе падови, конфликти и војни. Меѓу овие две сценарија, сите комбинации се можни. Но, овој дел на светот ја има една од најоптимистичките млади популации. И јас припаѓам на таа група луѓе. Имам визија дека Балканот ги помина своите најлоши денови и дека му претстои посветла иднина“. Вака младиот Дукаџин Зерза од Косово, студент на Американскиот колеџ во Солун, ја предвиде иднината на Балканот за десет години. Тој со својот есеј на оваа тема ја освои овогодинешната награда на Меморијалниот фонд „Борјан Таневски“, кој во негова чест се доделува секоја година на Американскиот колеџ во Солун. Зерза е студент на трета година на отсекот за интернационални односи. Наградата која му беше доделена е годишна школарина во износ од 1.000 евра.

„Мислам дека тешките времиња и конфликтите за Балканот се минато. Затоа во мојот есеј ги споменав неопходните фактори потребни за балканската стабилност: владеењето на правото, редот и политичката стабилност“, изјави Зерза за македонските медиуми пред одржувањето на конференцијата во чест на Борјан, каде што се изложуваа и другите есеи на учесниците.

„Идејата беше да им се даде шанса на студентите да дебатираат слободно за темите кои се интересни за југоисточните земји. Амбицијата на Борјан да придонесе за слободни граници, подобра балканска соработка и европска интеграција ќе бидат реалност порано или подоцна“, изјави таткото на Борјан, Јосиф Таневски, на отворањето на конференцијата.

Инаку, Меморијалниот фонд „Борјан Таневски“ е основан од неговото семејство во соработка со Американскиот колеџ во Солун, каде што тој дипломирал. Фондот е основан во 2003 година.

The article in Utrinski vesnik


MIA (Macedonian Information Agency) 29th May, 2006

Соопштен добитникот на наградата Борјан Таневски за 2006 година


Скопје, 29 мај (МИА) - На третата Меѓународна студентска конференција на Борјан Таневски Меморијалниот Фонд, што се одржа на 26 овој месец на Американскиот Колеџ во Солун беше претставен добитникот на наградата Борјан Таневски за 2006 - студентот Дукаџин Зерза од Ѓаковица, Косово кој напиша најдобар есеј на тема Замисли го Балканот после 10 години. Во денешното соопштение за конференцијата се истакнува дека на собирот била обработувана истата тема од разни аспекти од политички, економски, социјален, културен аспект, како и правата на малцинствата.

Студентите зборуваа многу критички, но и со многу оптимизам за наредните 10 години. Најжешки теми беа статусот на Косово како и прашањето на малцинствата на Балканот, меѓудругите и правата на македонските малцинства. Правата на Ромите ги покрена студент од Македонија, Давид Берат, се вели во соопштението.

На Конференцијата учествуваа 60 студенти од Грција, Бугарија, Македонија, Србија, Косово и Албанија. Од Грција учествуваа на студенти од четири Универзитети, од Македонија од Правниот факултет од Скопје, Универзитет на Југоисточна Европа од Тетово, Европскиот Универзитет од Скопје, од New York Колеџот од Скопје и од Институтот за политичко правни истражувања од Скопје. Двете претходни конференции се одржаа во Скопје 2004 и 2005 година. Се предвидува дека во иднина Конференцијата ќе се одржува една година во Скопје, а следната година во Солун за да ги зајакне врските меѓу младите од Балканот.

Utrinski vesnik, Number 2090 30th May 2006

Солун - нова дестинација за студирање на младите Македонци

Од нашиот известувач ЖАКЛИНА ЃОРЃЕВИЌ


СОЛУН – Дваесет и четиригодишната Елена Костовска секојдневно осмислува како подобро да го рекламира Американскиот колеџ во Солун преку веб-реклами. По седумте години поминати на Универзитетот како студент и постдипломец, таа од пред една година работи како координатор во маркетинг-одделот на Универзитетот, а е одговорна и за електронски маркетинг. Вели дека не би можела да се замисли на ниедно друго место освен на Универзитетот каде што ги стекнала сите компјутерски вештини. Тука сака и да остане.

Стотина Македонци кои размислуваат како Елена, лани се запишале на приватниот Американски колеџ во Солун. Некои од нашите студенти кои студираат тука, по дипломирањето среќата ја бараат во приватни грчки фирми, некои, како Елена, останале на Универзитетот, но повеќето се враќаат во Скопје. Можноста за студирање во Солун ја гледаат како можност да најдат добра работа, нешто што велат дека не би го добиле кај нас дома. Разочарани се од нашиот систем на студирање кој, според нив, е лош и не може да се спореди со оној во Солун. Уште поголемо е нивното разочарување кога со грчките дипломи ќе се вратат дома, бидејќи процедурата за нивна нострификација е речиси невозможна, за разлика од признавањето на македонските свидетелства на грчките универзитети, што оди без проблем.

Приватниот Американски колеџ во Солун се наоѓа во елитниот дел од градот, а во универзитетскиот кампус функционираат и градинка, основно и средно училиште. Во моментов на колеџот студираат стотина студенти од Македонија, од кои 93 се на додипломски студии, а тројца на постдипломски, иако велат дека интересирањето за студирање тука постојано се зголемува. За нашите студенти најголем проблем е годишната школарина која изнесува 6.500 евра, но велат дека тоа е поприфатливо отколку студирањето во Америка или во некоја друга европска земја, што би ги чинело многу поскапо. Тука најмногу им се допаѓа тоа што на едно место имаат предавања од професори кои доаѓаат од различни земји, а ги привлекуваат и атрактивните студиски програми. Колеџот им доделува и два вида стипендии ако достават барање за помош и преку програмата за академски успех.

„За овој колеџ се одлучив од љубопитство. Едноставно, ме интересираа компјутери, а такви специјализирани програми немаше во Скопје. Затоа дојдов тука и се пронајдов себеси. Сега експериментирам со различни програми. Во исто време сум графички и веб-дизајнер, тоа го комбинирам со маркетинг и навистина ми е интересно“, вели Елена. Се присеќава дека се запишала во првата група на Отсекот компјутерски менаџмент и информациони системи, заедно со уште четириесетина кандидати, од кои половината биле од Македонија.

Американскиот колеџ во Солун не е акредитиран од грчките власти, иако има акредитација од Америка. Тоа не им пречи на македонските студенти, кои со овие дипломи бараат и лесно добиваат работа во приватните фирми кај нас. Таков е случајот со Даме Дамевски, кој пред три години дипломирал бизнис-администрација на колеџот во Солун и со таа диплома се вработил во Тетекс-кредитна банка. За студирање во Солун се одлучил за да добие квалитетно образование и да биде блиску до дома.

„Овој колеџ тогаш ги нудеше најдобрите можности во регионот. Го одбрав него и не згрешив.Четврта година средно поминав во Америка каде што сфатив дека американската едукација е она што треба да ја добие секој студент во регионот. Тоа е сосема друга филозофија на учење“, вели Даме.

„Кај нас не постои програма, а професорите се повеќе од политичари. Никогаш немаше да добијам вистинско предавање од односниот професор. Овде професорите се вистински професионалци“, додава Даме. Неговата диплома не е нострифицирана и вели дека не му е потребно тоа.

„Нострификацијата не ми значи ништо. Еднаш аплицирав во државна институција каде што ми побараа дипломата да ми е нострифицирана. Тогаш сфатив дека тоа е макотрпна работа и дека треба на балкански начин да ја нострифицирам. Затоа и се откажав“, вели тој.

Ричард Џексон, претседател на Американскиот колеџ во Солун, истакнува дека се горди поради интернационалната средина на колеџот. Тие ги приспособуваат програмите според балканските. Тој вели: „Кај нас студираат од Грција, Америка и од сите соседни земји. Акредитирани сме од американската влада, а н` акредитира истата агенција која ги акредитира и ’Харвард‘ и МИТ. Тоа се врвни високообразовни институции, што е гаранција за квалитетот на образованието што го добиваат студентите“.

The article in Utrinski vesnik

[Program] [List of participants] [Media coverage] [Appreciation and gratitude] [Photos] [Awarded essay 2006] [A modern fairy tale by Nenad Sebek]

Update notifications