Омилените работи на Борјан

Спортови

Спортуваше: пинг-понг, одбојка, скијање, нуркање (кратко време), кошарка. Страстен навивач на: биатлон, големата трка околу Франција -Тour de France, NBA, Олимписки игри, фудбал, ракомет, одбојка. Во средно школо зема учество во спортски ТВ квиз и освојува некои награди. Уживаше во спортски енциклопедии и списанија.

Филмови:

"JFK" (го знаеше на памет!)
Големото синило (го знаше на памет!)

Чекајќи ги Cranberries

Глумици:

Angelina Jolly
Charlize Theron
Monica Belucci
Глумеше во школски претстави. Мошне успешно имитираше луѓе и уживаше во тоа.

Концерти:

Cranberries
Бодан Арсовски
Анастасиа       

CD колекција

Многу слушаше и уживаше во секаков вид добра музика. Сакаше да изигрува DJ!
Сакаше многу и да игра, секогаш правејки пријатна атмосфера. РАЦЕ ГОРЕ! СИТЕ!

Книги:

1984 – Ge.Orwell
„Македонија е се што имаме“ - Мемоарите на Г-дин Киро Глигоров
извештаи на Richard Holbrook
последна книга што ја читаше во летото 2002 - "Аlexis Zorba" - Nikos Kazantzaki

Библиотека:

Новата библиотека на "ACT"- Bissel's Library во Солун

Уште еден омилен цитат, Palais de Chaillot, Paris

Изреки / цитати: 

"Само небото е граница!"
“Somehow it is a diamond, somehow it is a stone”
“Misslung!” 

GAMES:

Мафија (стратешка игра)
Мини-фудбал
Шампион во меморија како клинец

Гиро:

"157", Харилау, Солун

Палачинки:

"Zapping", Пилеа, Солун

На скара кај:

Фук-так, Дојран
Љуц, Скопје
ToTo, Скопје

Пијалоци:

Скопско пиво (најмногу 8/излегување!)
Coca-cola

AHA caffe

Кафе-барови:

AHA 
KTK
Ring
PABO (во гимназија)
Havana
Aquarius, Охрид

Плажи:

Sunny Beach

Држави:

Исланд, Словенија

Градови:

Велес - градот на неговите баби и дедовци, го нарекуваше "мало Токио" и беше многу среќен кога си го гледаше од крај до крај на ретровизорот на колата, на една посебна точка, враќајки се дома по часовите/испитите на ACT.

Борјан, најдобриот Дедо Мраз!

Дизни јунак

Шиљо

Зоолошки градини

Деца

(Беше Дедо Мраз во Фармахем, на 25 Декември 2001)

Омилениот тросед, пред телевизорот, после ручек! (комичен статут на домашниот совет, осмислен од Борјан)

Бербер

Орхан или Орче како што го нарекуваше Борјан. Тој одеше кај него од својата 8-ма година, а Орче дојде во болница и за Борјановото последно шишање. Тогаш Орче му рече: "Доаѓам да се видам со пријател, а не со муштерија". На Борјан му беше интересно да разговара со него, особено за спорт. Орче е со албанско-турско потекло, па така си разменуваа спортски знаменца и други навивачки реквизити од турски фудбалски тимови. При нивната последна средба Борјан веќе беше парализиран, но пожели: "Да ти дојдам еден ден на бербер во Сарагоса, во Шпанија!" - изразувајки ги на тој начин нивните соништа во еден заеднички.

Медицинска сестра

Сестра Вера или "најдобрата сестра на светот" како што Борјан ја нарекуваше. Тие уживаа да зборуваат за се и сешто. Таа беше комплетно посветена на својата работа, но тие станаа и добри пријатели, многу се почитуваа и си веруваа еден на друг. Таа му беше голема поддршка. Секогаш влегуваше во собата со блескава насмевка и така ја правеше болничката соба попријатна, поудобна, сончева!




Информации за студентите на политички и општествени науки