Борјан Таневски дипломира на Американскиот колеџ во Солун (АСТ) во 2002 год. Набргу потоа се разболе од ретка форма на рак на коските и почина на 22 март 2003 год. Борјан беше студент за пример на нашиот колеџ. Фондот се основа во негов спомен, за обезбедување стипендија на АСТ и за подршка на неговите идеи за мир и соработка во Југоисточна Европа.

[Американски Колеџ во Солун] [Борјан Таневски - куса биографија] [Информации за Фондот] [Информации за стипендијата] [Како да се донира] [Контакт служби] [Координативен одбор]

Американски Колеџ во Солун - Американскиот колеџ во Солун (АСТ) е делот за универзитетско образование на Анатолија колеџот, високо ценета приватна образовна институција, основана 1886год. Анатолија колеџот е овластен, со повелба на државата Масачусетс од 1894 год., да издава дипломи за високо и вишо образование . АЦТ е целосно акредитиран во САД. Денес околу 700 студенти од Југоисточна Европа студираат на АСТ на додипломските студии по бизнис, компјутерски науки, англиски јазик, историја и меѓународни односи, психологија или на постдипломските студии за раководење со бизнис (МВА). Околу 70 наставници од Европа и САД ги обучуваат студентите од АСТ како низ широко цивилизациско и граѓанско образование, но исто така и низ најдобра професионална обука, во амбиент за учење што е меѓу најдобрите во Југоисточна Европа. Повеќе информации на http://www.act.edu/act/

[Американски Колеџ во Солун] [Борјан Таневски - куса биографија] [Информации за Фондот] [Информации за стипендијата] [Како да се донира] [Контакт служби] [Координационен одбор]

Куса биографија - Борјан Таневски (27.04.1980 - 22.03.2003) Детството го помина во Скопје и неколку години во Алжир, каде со успех се школуваше на француски јазик, а го учеше и арапскиот. Средно училиште заврши во гимназијата "Никола Карев" во Скопје, со одличен успех. Беше претставник во Унијата на средношколците и учествуваше на три конференции на Организационото биро на Европските унии на средношколци (OBESSU), во Амстердам, Пиза и Лихтенштајн, започнувајки го така својот сопствен пат кон Европа. Следејќи ги своите амбиции за продолжување на образованието во странство, тој го избра Американскиот колеџ во Солун, каде што се запиша со неколку свои средношколски пријатели. По четири години интензивно студирање, Борјан дипломира со висок просек, наоѓајки се секоја година на Деканската листа на одлични студенти. Неговите интелектуални можности ги импресионираа неговите професори. Тој стана почитуван и сакан меѓу колегите и професорите од колеџот, покажувајќи активности на многу полиња, од дискусиите за политика до местото капитен на одбојкарски тим. Беше секогаш весел и полн со хумор. Привлекуваше исто толку со својот шарм, колку и со својата остроумност, изразита интелигенција и широки знаења. Им беше подршка и стимул на сите оние коишто ја имаа привилегијата да се сретнат со него. Борјан зборуваше течно грчки и после 4 години престој во Солун, во колеџ со студенти од сите балкански земји, тој стана уште посилен подржувач на мирот и толеранцијата во Југоисточна Европа. Неговиот сон беше да допринесува во овој процес и да игра улога во патот на Република Македонија кон Европска Унија. Борјан беше примен на постдипломски студии на реномираната Лондонска школа за економија и политички науки (LSE), како и на Колеџот на Европа во Натолин/Бриж. Добивајќи комплетна стипендија за Колеџот на Европа, тој планираше да го посетува истиот од есента 2002 год., а потоа да ги посетува студиите на LSE од следната есен, 2003 год. Сите имавме чувство дека Борјан беше на пат да стане лидер кој ќе работи за разбирање во регионот и за европска интеграција. Би сакале да продолжиме да работиме на овој дух.

[Американски Колеџ во Солун] [Борјан Таневски - куса биографија] [Информации за Фондот] [Информации за стипендијата] [Како да се донира] [Контакт служби] [Координативен одбор]

Информации за Фондот - Меморијалниот фонд Борјан Таневски е основан во јуни 2003 год. во негов спомен, за да обезбеди доделување на стипендија на АСТ и за подршка на неговите идеи за мир и соработка во Југоисточна Европа. Со цел да се обезбеди долготрајно доделување на стипендијата, Фондот собира сума на пари која се чува како штеден влог. Самиот штеден влог останува трајно и не се троши, а годишна камата од влогот се користи за стипендија. Сите донации, во целиот износ, влегуваат во Фондот за стипендии. Не постои намалување на донациите за административни или други трошоци што ќе бидат направени и секоја работа за Фондот ќе биде неплатена.Фондот ќе биде раководен од Бордот на доверители кој управува со Анатолија колеџот и вкупно финансирање на АСТ. Сумата на штедниот влог што би требало да се собере, со најповолна камата, би дала 5.000 евра годишно за стипендијата.

[Американски Колеџ во Солун] [Борјан Таневски - куса биографија] [Информации за Фондот] [Информации за стипендијата] [Како да се донира] [Контакт служби] [Координативен одбор]

Информации за стипендијата - Стипендијата ќе биде доделувана на истакнат студент, којшто не е само одличен по успех, туку сестрана личност, активна и свесна за општествените одговорности. Наградата ја подржува идејата за европска интеграција, посебно во Југоисточна Европа. За таа цел наградата ќе се доделува еднаш годишно преку натпревар за есеј, отворен за сите АСТ студенти со висок просек (средна оценка над 3,33). Жирито за наградата ќе одреди тема за есејот од областа на европската интеграција на Југоисточна Европа, кој треба да биде напишан до одредена дата. После интерву со тројца најдобри кандидати, ќе биде изабран студентот со најдобар есеј кој ќе биде награден. Жирито, исто така, ќе организира јавно презентирање на наградениот есеј, заедно со други активности на таа тема. Жирито за доделување награда ќе се состои од: шефовите на оддели за Историја и меѓународни односи (д-р Визнер), Филозофија и социјални науки (д-р Милер) и Бизнис (д-р Цанакас) од АСТ, еден универзитетски професор од Република Македонија (д-р Мирјана Малеска, Универзитет "Свети Кирил и Методиј", Скопје / Универзитет на ЈИЕ, Тетово) и еден универзитетски професор од државниот универзитет во Солун (Проф. д-р Ефи Вутира, Универзитет на Македонија, Солун).

[Американски Колеџ во Солун] [Борјан Таневски - куса биографија] [Информации за Фондот] [Информации за стипендијата] [Како да се донира] [Контакт служби] [Координативен одбор]

Како да се донира - Сметката на Фондот се наоѓа во Alpha Banka во Грција на име на Американскиот Колеџ во Солун. Трансферот на Вашата уплата најлесно ќе се реализира преку експозитурата на Alpha Banka Скопје со назнака за „Меморијалниот фонд Борјан Таневски“. Информации на телефон 02 / 3116 433 лок.127. Контакт лице: Велковски Никола. Дури и најмалите донации се вредни, затоа што очекуваме донации од голем број на луѓе. Сите донатори, од АСТ ќе добијат званична потврда за уплатените средства и Фондот јавно ќе им се заблагодари. (Во Грција, донациите се ослободени од данок на приход. На фирмите донатори ќе им бидат издадени потврди). За какви било прашања, молиме контактирајте со нашите служби или со некого од организациониот тим.

[Американски Колеџ во Солун] [Борјан Таневски - куса биографија] [Информации за Фондот] [Информации за стипендијата] [Како да се донира] [Контакт служби] [Координативен одбор]

Служби

Thessaloniki
Athina Vezakiadou
Compton Hall (basement, TTFSE office)
American College of Thessaloniki
P.O. Box 21021
55510 Pylea
Greece
e-mail: pmu@act.edu
phone: + 30 2310 398 259
fax: + 30 2310 398 258
Скопје
Д-р Јосиф Таневски
Фармахем
Кичевска 1
1060 Скопје
Република Македонија
e-mail: farmahem@farmahem.com.mk
Телефон: + 389 2 20 31 193
Факс: + 389 2 20 31 434

[Американски Колеџ во Солун] [Борјан Таневски - куса биографија] [Информации за Фондот] [Информации за стипендијата] [Како да се донира] [Контакт служби] [Координативен одбор]

Координативен одбор

Координатори:
професорите од АСТ Милер, Визнер, Цорбацоглу и д-р Јосиф Таневски /
АСТ студенти ( додипломци и постдипломци): Тасос Мартинидис, Георгиос Орологас, Христос Теологу, Јулија Велевска /
АСТ дипломирани студенти: Даме Дамевски, Костас Николопулос, Давид Визнер /
Контакти во Солун: Мирто Гиумуртаци, Јанис Цорбацоглу /
Контакти во Скопје: Јосиф, Дорка и Винка Таневски, Влатко П. Коробар/ Администрација: Атина Везаикиаду (Манос Агродимос, Павлина Харисиаду, Реа Самара)

Сакаме со благодарност да ја одбележиме подршката на администрацијата на АСТ, а посебно на Деканот д-р Браун- Казацис и на Претседателот Р.Џексон.


Нови содржини