Промоција на фондот во Скопје

     Промоцијата на Фондот во Скопје се одржа истовремено со промоцијата на новиот број на академското списание ”Нова Балканска Политика” , чиј главен уредник е проф. д-р Мирјана Малеска. Борјан соработуваше како студент со проф. Малеска, низ дискусии и прибирање материјали за неговите есеи за АCТ. Сега таа е еден од членовите на комисијата за доделување на наградата од Фондот. Таа предложи наградениот есеј да биде публикуван во академското списание. (www.newbalkanpolitics.org.mk)
    Проф. Винсент Милер, од АCТ, го презентира Фондот и програмата за работа на Колеџот. Од АСТ беа присутни уште проф. Дејвид Визнер и проф. Ана Мариа Конста.
    На промоцијата присуствуваа околу 200 гости меѓу кои: претставници на меѓународни организации и угледни личности посветени на мирот и стабилноста во регионот, академици, универзитетски професори, новинари, студенти, пријатели и другари.
    Новиот број на списанието на промоцијата се дистрибуираше врз база на слободни донации, а средствата што беа собрани беа донирани во Фондот.

    ACT за настанот на веб страната на ACT.

  За настанот во медиумите:

  Дневен печат и списанија:

  Исто така:

  • МТВ1 вести, 17 дек 2003
  • МТВ3 вести на албански јазик, 17 дек 2003
  • Телма
    (линкови од телевизиските известувања не се достапни на интернет)
Нови содржини