Дел од излагањето посветен на Борјан Таневски и Фондот„...Драги пријатели, дозволете ми во оваа прилика да му оддадам почит на еден млад студент од овој колеџ, кого многу од вас имаа привилегија да го познаваат. Борјан Таневски, еден од најуспешните студенти според сите со кои зборував тука, е името и личноста која воспостави нераскинлива врска меѓу европската иднина на Македонија и овој колеџ, личност која знаеше дека постои нешто повеќе надвор од границите. Веруваше дека неговата земја и овој регион имаат европска иднина и беше подготвен да даде се од себе за исполнување на таа цел и тој тоа го стори. Колегите во Секторот за Европска Интеграција во нашата земја, каде ја изведуваше својата пракса за време на неговите студии, го чуваат во најубав спомен. Неговото име е често спомнувано со тага, но исто така и со инспирација. Мајката и таткото на Борјан беа љубезни да присуствуваат на ова предавање денес и им благодарам за тоа. Им се восхитувам ним и на сите оние кои се придружија во основањето на Фондот што го носи неговото име - Борјан Таневски. Нема подобар начин да се сочува споменот, идеите и духот на Борјан од формирање фондација посветена на млади луѓе што ќе го следат неговиот пример...“ |
Остеосарком - малиген тумор
Нови содржини
|