Активности на Одделот за физичко образование
На АСТ, во сабота и недела,
на 2 и 3 април 2004 год., се одржа Меморијален одбојкарски турнир во спомен на Борјан
Таневски. Со едноминутно молчење му беше оддадена почит, пред почетокот на првиот
натпревар (сабота во 10 ч.) и пред финалниот натпревар на женската екипа (недела во
16 ч.).
Борјан беше капитен на
одбојкарскиот тим на АСТ во 2002 год. и многу ја сакаше одбојката.
Машката и
женската екипа на АСТ постигнаа голем успех, бидејки обете освоија прво место на
турнирот организиран во спомен на Борјан Таневски. Беше тоа викенд исполнет со
одбојка, бидејки 7 екипи се натпреваруваа едни против други и АСТ успеа, за првпат,
да победи на турнирот.
(Во прилог се и резултатите од натпреварот - детални резултати.)
Степан Партемјан,
Шеф на Одделот за физичко образование
|